Џафери и Кирацоски со честитки по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица

Меѓу другите политичари кои денеска упатија честитки до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан и православните верници по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, беа и собранискиот спикер Талат Џафери и генералниот секретар на владејачката СДСМ, Алескандар Кирацоски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, повика сите заедно, сполотени, да се стремиме кон подобра иднина, преку заемна почит и разбирање, посакувајќи им на сите православни христијани во Републикава празникот да го поминат исполнети со многу здравје, среќа и спокој.

Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ во име на партијата испрати порака за сплотеност, мир и заедништво кон вистинските вредности што носат почит и напредок за сите.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име Ви го честитам денешниот празник Успение на Пресвета Богородица. Во овие мигови на спокој испраќаме порака за сплотеност, посветеност и заедништво кон вистинските вредности. Да бидеме скромни и горди во денешното празнување и да се сплотиме околу заедничките вредности што носат мир, меѓусебна почит и напредок за сите. Нека е за многу години денешниот празник и нека не води кон посветла и подобра иднина за сите нас“,