Џафери: Камерите и микрофоните ги обземаат некои пратеници

Талат Џафери
Талат Џафери

„Некои пратениците се обземени од камерите кога ќе излезат на говорница, па се губат и не знаат што зборуваат“. Вака претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги искоментира дел од дискусиите на пратениците за избор на новите министри, на денешната средба со новинарите.

„Ги обзема камерата, им зборуваш, ама не слушаат, па мора да ги исклучам“, изјави Џафери, а поводот за неговата изјава е што тој вчера го исклучи микрофонот кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, зборуваше од говорницата за Курто Дудуш. Спикерот на Собранието Џафери го предупреди неколку пати Ѓорчев дека Дудуш не е на дневен ред за дискусија на седница, за потоа да го исклучи микрофонот.