Џафери не потпишува наместо Иванов

Претседателот на Собранието Талат Џафери не планира да го искористи правото на потпис за објавување на Законот за употреба на јазиците во Службен весник.

– Излезни решенија има, тие се анализираат. Кое ќе биде поприкладно со она што е функцијата на парламентот треба да се спроведе – вели Џафери.

Тој на брифингот со новинарите објасни дека побарал  средба со Иванов, но веројатно бил зафатен па не успеале да се сретнат, а подоцна Џафери заминал во Женева.

Според него  веројатно неостварливо е сценариото за барање на импичмент на претседателот Ѓорѓе Иванов бидејќи за тоа да се случи е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Меѓутоа, Џафери напомена дека според Уставот, Иванов е должен да го потпише Законот за употреба на јазиците, во спротивно како што вели, се повредува членот 8 од Уставот со кој е направена поделба на законодавната, извршната и судската власт.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.