5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Џафери повторно цензор – ги исклучи микрофоните кога Ѓорчев говореше за Курто Дудуш

Собранискиот спикер Талат Џафери по којзнае кој пат повторно ги цензурира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и им го одзема правото на збор во Собранието.

На денешната собраниска седница за реконструкција на Владата, Џафери ги исклучи микрофоните кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев зборуваше како Курто Дудуш  измачува и тероризира граѓани, а никој од владата не реагира, туку напротив го штитат.

Ќе го спомнуваме Курто Дудуш затоа што нема кривична пријава, затоа тепа луѓе, затоа што во Шуто Оризари се случува терор, Елвис Бајрам беше претепан му беше скршен черепот, а истиот насилник градоначалник сега тепа луѓе во својата канцеларија и никој од владата не мрда и затоа што власта го штити, изјави Ѓорчев.

По овие зборови Џафери ги исклучи микрофоните и не му дозволи на  Ѓорчев да го заврши своето обраќање.

Очигледно е дека веќе му прерасна во навика на Џафери да ги цензурира пратениците секогаш кога нема да му се допадне тоа што го зборуваат.