Џафери: Седницата беше прекината поради Мухамед Зеќири

Талат Џафери
Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека не го спасувал Трајко Велјаноски со тоа што ја прекинал седницата за одземање на неговиот имунитетот.

Одговорноста на пратеникот не може да се одбегне во соодветна судска постапка. Седницата е прекината оти одмина времето за носење одлука, поради пратениците, особено поради пратеникот од мнозинството Мухамед Зеќири, тоа може да се потврди од снимките, обврска ми е да прекинам седница, рече Џафери.

Тој објаснува дека тоа што не е донесена одлука за симнување на имунитетот на пратеникот Вељаноски, подразбира дека не е донесена одлука и со тоа останува имунитетот.