Џака, Шаќири и Лихштајнер се изинија за „двоглавиот орел“

Швајцарските фудбалери Гранит Џака, Џердан Шаќири и Стефан Лихштајнер се извинија поради нивната прослава на головите против Србија на Мундијалот во Русија. Извинувањето доаѓа повеќе од два месеци откако триумфот над Србија со резултат 2:1 го прославија со прикажување на двоглавиот орел, симбол на знамето на Албанија.
Шаќири и Џака по потекло се од Косово, на што алудираа со својата прослава, а им се придружи Лихштајнер.

Нивното извинување дојде по собирањето на репрезентативците на Швајцарија пред натпреварите во Лигата на нациите. Тројцата фудбалери му се придружија на селекторот Владимир Петковиќ на конференцијата за печат, на која се осврнаа на она што се случуваше на Мундијалот.

Би било глупаво тоа да го повториме. Тоа нема ​​никогаш да се случи, рече Џака.

Шаќири истакна дека се извинува на сие кои ги погодила нивната прослава, а слична беше и реакцијата на капитенот на Швајцарија, Лихштајнер.