Џамбаски со предлог до Заев: Дајте ни го споменикот на Ќосето да го ставиме во Благоевград

Европратеникот Ангел Џамбаски, од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, вели дека отстранувањето на споменикот на македонскиот раволуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето е всушност исполнување на договорот за добрососедство со Бугарија. Џамбаски уште пишува дека треба да се побара споменикот да ѝ се даде на Бугарија и да се постави во Благоевград.

„Одлична вест за бугарската кауза во Македонија. Андон Ќосето е еден од видните дејци на ВМРО, заслужен бугарски национален револуционер, докажан бугарски воин. Поставувањето на тој споменик беше провокација за бугарската историја. Неговото уривање е дел од исполнувањето на договорот со Бугарија“, напиша Џамбаски на наеговиот фејсбук профил.

Џамбаски уште пишува:

„Туку што Стефан Братанов ми даде одлична идеја. Не е лошо да го земеме споменикот и да го поставиме во Благоевград. Затоа што Ќосето таму починал во 1953 година“, стои во фејсбук статусот на Џамбаски.

Како што тврди Џамбаски во својот пост на фејсбук, уривањето на споменикот на Ќосето е дел од договорот со Бугарија кој Заев го потпиша со Бугарија, а со кој Република Македонија се јавува како оштетена страна во однос на Република Бугарија, која триумфира со договорот.

ВМРО-ДПМНЕ алармираше дека договорот со Бугарија е асиметричен. Од партијата велеа дека од договорот произлегуваат повеќе обврски и отстапки за државата отколку права.

„Договорот вака конципиран и потпишан има сериозни недостатоци, и веројатно последиците од неспособноста на владата на Зоран Заев, Република Македонија ќе ги трпи во подолг временски период. На тој начин сите ние, граѓаните, ќе бидеме во состојба на хаос и неизвесност, кажа сегашниот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од пресконференција на партијата во август минатата година.

Јавноста се прашува уште колку дополнителни обврски за кои граѓаните не се информирани ќе произлезат од штетните договори на Заев. Што уште граѓаните на Република Македонија ќе треба да проголтаат поради антидржавните политики на премиерот.