
Слободан Недељковиќ од Обреновац кого луѓето за кратко време го прогласија за херој е приведен бидејќи приказната за неговата жена и дете била измислица.
Недељковиќ е повикан во полцииска станица да објасни зошто ширел такви приказни кои предизвикаа бурни реакции во јавноста, а обвинителството ќе одлучи дали во тие тврдења има еленти за кривично дело. Инаку, Џамбо живее со баба му и двајца вујковци.
Џамбо лажеше дека ги изгубил сопругата и детето во поплавите и дека потоа спасувал луѓе во Обреновац. Недељковиќ измислил дека семејството го одвел во Велико Поље кај мајката на сопругата, како би таму биле безбедни.
-Кога водата надошла, синот, сопругата и нејзиниот татко се качиле на кров. Таткото на мојата сопруга се симнал во куќата по кебе, но кога се вратил, нив веќе ги немало, раскажуваше Џамбо за медиумите.
Медиумите пренесоа и дека семејството на Недељковиќ, кога тој имал шест години, било убиено на Косово и дека тој како бегалец во 1999 година дошол во Обреновац.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.