Џеј Зи стана првиот рапер милијардер

Jay Z

Американскиот рапер Џеј Зи во еден од своите најпознати хитови пее дека има 99 проблеми, но според сѐ судејќи богатството не е еден од тие, бидејќи овој музичар и продуцент станал милијардер.

Финансискиот магазин Forbes, кој секоја година ја објавува листата на најбогатите луѓе на планетата, во своето последно издание го прогласи Џеј Зи за милијардер. Магазинот проценува дека Џеј Зи, кој потекнува од њујоршкиот кварт Бруклин, сега е „тежок“ повеќе од милијарда долари, со што стана првиот хип-хоп музичар кому тоа му успеало.

Наскоро тоа би можел да стане и Др Дре, кој во 2014 година самиот се прогласи „првиот милијардер во хип-хопот“ откако постигна договот во вредност од 3,2 милијарди долари со „Apple“ за серијата звучници и слушалки „ Beats Electronics“. Но Forbes тогаш процени дека овој рапер од Лос Анџелес вреди 800 милиони долари.

Џеј Зи, сопруг на пејачката Бијонсе, чиешто вистинско име е Шон Кори Картер, своевремено печалел и како дилер во Бруклин, а во 1996 година ја основал својата дискографска куќа „Roc-A-Fella“ којашто го објавува неговиот дебитантски албум „Reasonable Doubt“. Следеа голем број албуми и 22 Греми награди.

Своето богатство го зголемил благодарејќи на деловните договори во секторот алкохолни пијалаци, недвижнините и уметничките дела, како и во уделите во компаниите како што се „Uber“ и „Tidal“