Џејмс со кош во последата секунда од продолжението за победа на Кавалирс

Најнеизвесниот натпревар во НБА лигата ноќта кон четвртокот беше одигран меѓу Кливленд Кавалирс и Минесота Тимбервулфс, а славеа домашните со 140:138 по продолженијата благодарејќи на кошот на Леброн Џејмс во последната секунда.

Неколку секунди откако Џејмс го блокираше шутот на Џими Батлер кој можеше да ѝ донесе победа на Минесота, го дочека додавањето на Џеф Грин, си направи малку простор и преку Батлер го погоди кошот со кој му ја донесе победата на Кливленд а со којашто е запрена низата од осум порази. За Кавалирс ова е само седмата победа во последните 20 натпревари.

Џејмс мечот го заврши со 37 погодоци, 15 асистенции и 10 скокови. Џеј Ар Смит додаде 20 кошеви, а Ајзеа Томас 13 поени со 7 асистенции. Батлер за Минесота уфрли 35 кошеви, а Карл-Ентони Таунс додаде 30 поени.

Феникс Санс доживеаја висок пораз на домашен терен, ги прегазија Сан Антонио Спарс со 129:81. Санс со овој пораз го изедначија највисокиот пораз во историјата на клубот. Последен пат со 48 поени разлика загубија ланскиот 18-ти октомври од Портланд Трејл Блејзаерс.

Најдобар стрелец на Санс беше Алекс Лин кој дуелот го заврши со 14 кошеви, а Џош Џексон додаде 13 поени. Спарс ги предводеше Лемаркус Олдриџ со 23 погодоци и 13 скокови, а Пети Милс додаде 18 поени. Дени Грин постигна 17 кошеви од кои три „тројки“ за водството на Спарс од 25:5 на помалку од десет минути по почетокот на мечот.

Спарс ги натскокаа Феникс со 62:44 и го ограничија на 34 отсто шут од игра, додека самите имаа 49,5 отсто шут од игра, вклучително и 50 отсто реализирани „тројки“, односно 16 од 32 шута. „Тројката“ на Милс во последната минута од третата четвртина ги доведе Спарс во водствот од 97:50 а по првите неколку минути од последната четврина Сан Антонио водеа со 100:50.
Во другите синоќешни средби во НБА беа постигнати следните резултати: Мајами Хит – Хјустон Рокетс 101:109, Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 115:106 и Мемфис Гризлис – Јута Џез 88:92.

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атланска дивизија

1. Бостон 39-16
2. Торонто 37-16
3. Филаделфија 26-25
4. Њујорк 23-32
5. Бруклин 19-37

 

Централна дивизија

1. Кливленд 31-22
2. Милвоки 30-23
3. Индијана 30-25
4. Детроит 27-26
5. Чикаго 18-35

 

Југоисточна дивизија

1. Вашингтон 31-23
2. Мајами 29-26
3. Шарлот 23-30
4. Орландо 17-36
5. Атланта 17-37

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизија

1. Минесота 34-23
2. Оклахома Сити 31-24
3. Денвер 29-25
4. Портланд 29-25
5. Јута 26-28

Пацифичка дивизија

1. Голден Стејт 41-13
2. ЛА Клиперс 27-25
3. ЛА Лејкерс 22-31
4. Феникс 18-38
5. Сакраменто 17-36

 

Југозападна дивизија

1. Хјустон 40-13
2. Сан Антонио 35-21
3. Њу Орлеанс 28-25
4. Мемфис 18-36
5. Далас 17-37