Џенова го активира „непотребниот“ играч на Јувентус

46

Раководството на Џенова постигна договор да привлече играч од средниот ред на Јувентус – Стефано Стураро. Италијанскиот фудбалер пристигнува во Џенова до крајот на сезоната, а во неговиот договор ќе има опција за постојан трансфер.

Според „Скај Италија“, се привршуваат конечните детали, а договорот се очекува наскоро да се потпише. Со оглед на долгата историја на повреди во кариерата на 25-годишниот Стураро, неговиот престој во Џенова ќе зависи од неговата физичка подготвеност.

Играчот ги помина последните 6 месеци во португалското првенство во Спортинг Лисабон, каде скоро и да не излезе на терените. Така, Џенова ја избегна опцијата за најмување со обврска за откуп.

За играчот, ова ќе биде враќање на „Мараси“, каде играше во неколку различни периоди, а помина и некое време во Младинската академија во Џенова.

Skin Delight