Џенова го изненади Лацио во Рим, гол на Пандев

Во последниот натпревар од 23-то коло од италијанското фудбалско првенство Џенова како гостин го изненади Лацио и во Рим славеше со 2:1 (0:0).

Гостите од Џенова поведоа преку поранешниот играч на „бјанкочелестите“ капитенот на македонската селекција Горан Пандев кој погоди во 55 минута , меѓутоа по само четири минути израмни Пароло. Во самата завршница, односно во втората минута од судиското продолжение трите бода на гостите им ги донесе Лаксалат.

Со новите три бода Џенова скокна на 13-то место на табелата со 24 бодови, колку што има и 14-то Каљари, додека Лацио остана трет со 46одови, еден повеќе од четвртиот Интер и два од петтата Рома

На врвот од Серија А е Наполи со 60 бодови, еден повеќе од актуелниот првак Јувентус.