Џенова заинтересирана за вардаровиот дефанзивец Велковски

157

Тимот на капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев, ќе испрати понуда за еден од најдобрите млади играчи на Македонија, Дарко Велковски, пишува Македонски Спорт.

Еден од најперспективните фудбалери на Македонија би можел да го напушти својот тим, шампионот на Македонија, Вардар, и да се пресели во Калчото. Тимот каде што настапува Горан Пандев, се распрашува за дефанзивецот на младинската и сениорска репрезентација.

Како што пишува Македонски Спорт, скаутите на италијанскиот тим ќе ги следат настапите на Дарко Велковски во Полска, каде што нашата младинска репрезентација ќе игра Европско првенство, во група со Шпанија, Португалија и Србија.

Доколку потпише, ќе биде третиот Македонец во Серија „А“ идната сезона. Засега сигурни се Горан Пандев со Џенова и Никола Јакимовски со Беневенто, доколку не сменат средина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.