Џентилони одбива постизборен договор со Берлускони

Il presidente del Consiglio, Paolo Gentiloni, durante la visita ai cantieri del Patto per le periferie a Modena, 19 gennaio 2018. ANSA/UFFICIO STAMPA PALAZZO CHIGI/TIBERIO BARCHIELLI +++ ANSA PROVIDES ACCESS TO THIS HANDOUT PHOTO TO BE USED SOLELY TO ILLUSTRATE NEWS REPORTING OR COMMENTARY ON THE FACTS OR EVENTS DEPICTED IN THIS IMAGE; NO ARCHIVING; NO LICENSING +++

Италијанската владејачка Демократска партија (PD) од левиот центар, не е подготвена на формирање голема коалиција со пораншениот десничарски премиер Силвио Берлускони и неговите сојузници по изборите од 4-ти март изјави во средата во интервју актуелниот италијански премиер Паоло Џентилони.

Се очекува дека италијанските избори ќе бидат трка меѓу десниот конзервативен блок воден од Силвио Берлускони, антиелитистичкото и евроскептично Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) и коалицијата на левиот центар водена од Демократската партија.

Аналитичарите сметаат дека сценариото за голема коалиција е највиеројатно, доколку и по избоите ниедна партија или блок немаат апсолутно мнозинство во парламентот. Таков беше случајот и по минатите избори кога поединечно најмногу гласови освои Движењето пет ѕвезди. Се предвидува дека блокот на Берлускони ќе освои најмногу гласови, но не и мнозинство, додека Движењето пет ѕвезди ќе остане најголемата партија, но без потенцијал за коалицирање.

„Директно да одговорам на вашето прашање: не, не сум заинтересиран (за формирање коалиција со блокот на Берлускони на десниот центар)“, вели премиерот Паоло Џентилони во интервјуто за телевизиската мрежа CNBC.

Меѓутоа, Џентилони прави разлика меѓу партијата Напред Италија (FI) на Берлускони, којашто ја опишува како конзервативна партија, и популистичките, антиевропски и екстремно десни Северната лига (LN) и Италијански браќа (IF) кои се во коалиција со Берлускони.

„Мислам дека оваа коалиција нема да опстане“, смета Џентилони.

Италија во моментов е во предизборниот период, откако во декември беше распуштен парлментот а изборите распишани за 4-ти март.

„Мислам дека ние ќе бидеме столбот на можната коалиција, а ние имаме одредени вештини за флексибилност во политиката во нашата земја“, додава Џентилони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.