Џереми Хант се залага за брегзит без договор доколку ЕУ не го промени мислењето

Министерот за надворешни работи Џереми Хант, кој е кандидат во трката за нов челник на владејачката Конзервативна партија и иден британски премиер, рече дека би го извел Обединетото Кралство од Европската унија на 31-ви октомври без договор, доколку Брисел не покаже дека има волја повторно да преговара за договорот за брегзитот.

„Доколку дојдеме до 31-ви октомври а ЕУ не покаже волја за преговори за подобар договор…., тогаш мојата процена е дека, одмерувајќи ги овие тешки опции, политичкиот ризик за одложување на брегзитот би бил многу полош од ризикот за излегување без договор. Во таа ситуација би нѐ извел од Европската унија“, рече Хант на собирот на „Ториевците“ во Бирмингем, првиот од 16-те на кој се соочува со Борис Џонсон во трката за нов партиски челник.

Хант, кој на референдумот во јуни 2016 година гласал против брегзитот, а сега тврди дека би го сторил спротивното, рече дека не сака да дава ветувања кои не може да ги иствари во врска со брегзитот или потрошувачката. Зборуваше и дека фокусирањето на крајниот рок во октомври го ризикива потегот на пратениците со кој тие би ја блокирале можната опција за излегувњето без договор, што може да доведе до нови ибори, а истакна и дека повторно би го одложил брегзитот доколку би проценил дека договорот е блиску да биде остварен.

Во трката за премиер од редовите на конзервативците фаворит е Борис Џонсон со поддршка од 74 отсто од членовите на партијата, додека Џереми Хант има поддршка од 24 проценти од сопартијците. Тие двајцата се издвоија како финални кандидати за изборот на претседател на Конзерватинвата партија, за што ќе гласаат 160.000 конзервативци. Резултатите од изборите на конервативците ќе бидат објавени во втората половина на јули.

Претходно Џонсон зборуваше во Бирмингем. Него го сметаат за најдобар кандидат кој може да ја изведе Велика Британија од кризата околу брегзитот.

„Длабоко сум убеден дека со вистинска енергија и вистинска приврзеност не надвладее здравиот раум, но доколку тоа не се случи, мораме во секој случај да бидеме подготвени да излеземе… Токму затоа што ќе се подготуваме од сега до 31-ви октомври за брегзит без договор, ќе добиеме договор кој ни е потребен“, изјави Џонсон.

Хант го повика Џонсон да учествува и во телевизиските соочувања пред класањето на членовите на Конзервативната партија. Телевизијата Sky News наведе дека Џонсон одбил да учествува во дебатата најавена за четверток.

„Оцената на јавноста може да биде непријатна. Но, доколку со тоа не можеме да се носиме меѓу пријателите, не заслужуваме да ги водиме против нашите ривали. Доколку ја сакаш работата, требаш да се појавиш на интервјуата“, вели Хант во писмото испратено до Џонсон во пресрет на денешниот партиски собир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.