Есктремистичката група Исламска држава ги повика приврзаниците на убивање на граѓаните на оние земји кои учевствуваат во коалиција предводени од САД против џихадистите.
„Ако можете да убиете Американец или Европјанин, посебно пакосен и валкан Французин, или Австралијанец или Канаѓанец вклучувајќи ги државјаните на земјите кои влегоа во коалицијата против Исламската држава, тогаш во името на Алах, убијте ги.“
Ова го порача портпаролот на екстремистичката група Абу Мухамед ел Аднани во повикот на повеќе јазици поставен на интернет, пренесува АФП.
САД и Франција спроведуваат воздушни удари на положба на џихадистите на Исламска држава во Ирак, а слични удари се планираат во Сирија.
Исламската држава зазеде значаен дел од ирачката и сириската теорија на која прогласила калифат (исламска држава).