Џихадистите пристигнаа во Србија вооружени до заби?!

Во акција на полицијата запленети биле униформи, два калашњикови, муниција и експлозив, но и писма на арапски јазик за кои што постојат сомнежи дека се детални упатства на терористите на ИСИС за организирање на терористички напади.

Оваа полициска акција била организирана пред два дена, кај езерото Бадовац (Грачаничко езеро). Сè на сè, на само 300 метри подалеку од ова место биле пронајдени торби со оружје, а српската полиција на 11-ти јули уапси пет лица за кои што постоеле сомнежи дека се членови на ИСИС, а кои планирале да го затрујат езерото, пишува порталот Точка.мк.

Според известувањата на безбедносните служби, седиштето на ИСИС се наоѓа на Косово и Метохија. Под нивната лупа се и градските автобуси, а особено трговските центри во Белград, во кои во викендите се присутни и повеќе од илјадници семејства.

Конечно, можна мета се и православните цркви и манастири, за што сведочи и неодамна откриениот план на екстремистите да го запалат манастирот Св. Козме и Дамјана на планината Златар.

isisbalkan

Со овие апсења и пронаоѓањето на оружје во Србија во последен момент е избегната голема трагедија, а Претседателот на Одборот за Косово и Метохија на Собранието на Србија, Милован Дрецун, опоменува дека состојбата е алармантна бидејќи како што вели тој, косовската полиција нема ниту капацитет, ниту политичка волја за борба против радикалниот ислам.

Извор: Точка.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.