Џихадистите убиле 29 нигериски војници

Нигерискиот огранок на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ја преземе во средата одговорноста за нападот во Нигерија пред два дена кога беше објевено дека се убиени 20 војници и објави видео во кое прикажува наводно погубувње на уште девет други нигериски војници.

Нападот на нигериската исламистичка група Боко Харам, која во 2015 година ѝ изјави лојалност на Исламската држава се случил во понеделникот вечерта во градот Губиу во сојузната дрќава Борно. Напаѓачите пристигнале во возила вооружени со автоматски пушки и на мотоцикли, рекле за медиумите неименувани извори. Судирот траел повеќе од еден час, пред војската да се повлече. Нигериската војска сѐ уште не го коментираше настанот.

Од 2009 година во нападите на Боко Харам, која сака да воспостави држава на северот од Нигерија во која ќе владее строгиот шеријатски законик, се убиени најмалку 27.000 луѓе, а повеќе од 2,6 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат домовите. Насилствата на исламистите се проширија и на соседните земји Нигер, Чад и Камерун, поради што е направена регионална воена коалиција против терористите.

Во своите терористички акции, Боко Харам киднапираа и илјадници жени и млади девојки, како и мажи и момчиња. На 14-ти април 2014 година вооружени припадници на Боко Харам упаднаа во училишен интернат во нигерискиот град Чубок, киднапирајќи 276 ученички на возраст од 12 до 17 години. Пет години по грабувањето, 112 девојки сѐ уште се водат како исчезнати. Минатата 2018 година, четири години по киднапирањето во Чибок, агенцијата за заштита и правата на децата при ОН, соопшти дека повеќе од 1.000 други деца биле киднапирани од страна на џихадистите од 2013 година. Се забележува и дека Боко Харам последните години своите самоубиствени терористички акции на пазари, црвки и џамии користи индоктринирани деца бомбаши самоубијци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.