Џихадистите возат џипови од Бугарија

Џихадистите се повеќе употребуваат украдени возила од Бугарија, покажуваат податоците на безбедносните тајни служби.

Меѓу 4 и 8 луксузни ципови  исчезнуваат секојдневно од земјата. Голем дел од нив одат без проблеми  преку Турција за Блискиот Исток. Според последните податоци на МВР за првите девет месеци од оваа година се украдени 2.598 возила. Само во Софија делуваат неколку групи крадци кои влегле во тесен договор со Арапи, тврдат истражувачите. Најскапите автомобили се извлекуваат често и преку лизинг измами, пишува “Стандард”. За нив се плаќаат една-две рати, по што со “туристичка цел” прошетуваат и ја  напуштаат границата на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.