Џикиќ: МКФ преку мејл ме извести за отказот

Причината за прекин на соработката е барањето на Џикиќ за авансна исплата од страна на МКФ

Српскиот стратег во изјава за „Моцарт Спорт“ тврди дека не добил никакво подетално известување од МКФ, а информацијата му била пренесена преку email – порака.

„Не добив никакво објаснување, туку преку краток мејл ми беше кажано дека повеќе не сум селектор. И тоа откако македонските медиуми веќе ја објавија информацијата што МКФ ја објави на својата веб-страница. Во шок сум, првиот тренинг беше закажан за сабота, закажани беа и контролните натпревари. Знаете што значи за секој тренер да води репрезентација на едно Европско Првенство, а мене тоа право ми беше одземено со една штура порака“ – изјави Џикиќ за „Моцарт Спорт“.

Според соопштението од МКФ, соработката со Џикиќ била прекината поради негова недоверба во раководството на Федерацијата.