Џо Кенеди, правнукот на ЏФК, од името на Демократската партија ќе му возврати на Трамп

Конгресменот Џозеф Кенеди Трети, внук на Роберт Кенеди и правнук на убиениот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди, во името на опозициската Демократска партија ќе одговори на традиционалниот годишен говор за состојбата на нацијата на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп.

Високот црвенокос конгресмен, 37-годишниот Џо Кенеди, застапува една изборна единици од сојузната држава Масачусетс во Претставничкиот дом од 2013 година и е најтазе „кенедиевец“ во редовите на Демократската партија.

Телевизискиот пренос од неговиот говор ќе биде емитуван веднаш по обраќањето на претседателот Трамп, а демократите ќе се обидат преку него во најгледаниот термин да ја претстават својата политичка борба околу имиграцијата, граѓанските права и правата на трансродовите лица, здравството и различностите.

Да се претставува партијата во овој своевиден „одговор“ се смета за чест којашто ѝ се дава на политичлката ѕвезда во подем.

Џо Кенеди, кој дипломирал на Стенфорд и право од Харвард, го следи репутацијата на „прогресивен демократ“, особено во врска со здравството, како и неговиот прачичко Тед Кенеди, и борбата против расизмот.