Џон Вол најдобар забивач

На вториот дел на Ол- Стар натпреваротво НБА лига во Њу Орлеанс, Истокот славеше во три, а Западот во едно натпреварување кои не беа проследени со големи сензационални потези.

Во напреварот во забивање најдобар беше Џон Вол, Марко Белинели е нов најдобар тројкаш на Ол -стар средбите, додека Демијан Лилард и Треј Бурк се победници во вештини.

Крис Бош потврди дека е специјалист за тројки од центар. Неговиот тим (Доминик Вилкинс, Свин Кеш) повторно славеше на натпреварувањето во шутирање.

Двете конференции освоија по 250.000 долари, Истокотгидонираше на Американската асоцијација за кардиолошки болести и Фондот на САД за УНИЦЕФ, додека Запад на проектот за Образование на САД.

Новиот систем на натпреварување на го донесе посакуваниот спектакл. По половина час борба од шест играчи имаше само два одлични потези. Ситуацијата ја извлече Џон Вол со забивање со две раце преку глава свртен со грб кон кошот, откако го прескокна асистентот облечен како маскота на Вашингтон. Истокот со едногласна одлука на судиите го победи Западот.

Ол -Стар викендот ќе заврши со натпреварот меѓу Истокот и Западот во раните утрински часови меѓу недела и понеделник.