Џонсон изразит победник во првиот круг од изборите за наследник на Меј

129

Поранешниот лондонски градоначалник и шеф на британската дипломатија Борис Џонсон, кој е кандидат за челник на „Ториевците“ кој вети дека Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската унија на 31-ви октомври со договор или без него, во четвртокот се приближи на водењето на британската политика откако во првиот круг од изборите доби далеку најмногу поддршка од пратениците на владејачката Конзервативна партија за наследник на партиската челничка и премиерка во заминување Тереза Меј.

Три години откако Британците со 52 наспроти 48 отсто изгласаа напуштање на Европската унија, Велика Британија се движи кон можна длабока политичка криза по прашањето на брегзитот, бидејќи повеќето кандидати кои имаат амбиција да ја наследат Тереза Меј се подготвени да ја напуштат ЕУ и без договор за уредување на идните односи со Брисел. Меѓутоа, британскиот парламент најави дека ќе се обиде да избегне такво излегување од Унијата, за кое инвеститорите предупредуваат дека може да предизвика шокови на финансиските пазари и да предизвикаат потрес во глобалната економија.

Џонсон во првиот круг доби поддршка од 114 пратеници на Конзервативната партија, од 313 колку што гласале. Од другите десет кандидати најуспешни беа актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант со 43, министерот за екологија Мајкл Гоув со 37, и поранешниот министер за брегзит, Доминик Рааб, со 27 гласови. Од трката испаднаа Андреа Лидсом, Марк Харпер и Естер Меквеј.

Обложувалниците и пред првиот круг му даваа на Џонсон 70 отсто шанси за преземање на „Ториевците“. Тој во четвртокот, по гласањето, им се заблагодари на „пријателите и колегите во конзервативната и унионистичката партија на поддршката“. „Одушевен су, од првиот круг, но уште има многу работа пред нас“, порача.

Следните кругови од конзервативните избори се на 18-ти, 19-ти и 20-ти јуни, додека не останат само двајца кандидати. Тогаш за новиот челник преку писмено гласање ќе се изјаснува и поширокото членство. Новиот премиер би требало да биде одбран до крајот на јули.

Џонсон својата официјална кампања ја започна во средата со ветувањето дека Британија ќе ја изведе од ЕУ на 31-ви октомври и со предупредување до својата Конзервативна партија дека „одложувањето претставува пораз“. „По три години и два пропуштени трка, мораме да ја напуштиме ЕУ на 31-ви октомври“, истакна.

Џонсон поддршката во својата партија ја доби со тврдењето дека само тој може да ги спаси „Ториевците“, со тоа што конечно ќе го спроведе брегзитот. На партијата инаку ѝ се приклучи откако се прослави како новинар во Брисел кој ја напаѓаше Европската унија.

Некои во ЕУ пред референдумот Џонсон ги вознемири дека целите на Европската унија се слични на оние на Адолф Хитлер и Наполеон. Со својата интелигенција и ексцентричниот стил се извлече од низата скандали, како кога доби отказ од партискиот тим за осмислување на мерки бидејќи лажел за неговата вонбрачна врска. Но, каде што другите не успеваа, Џонсон стануваше сѐ популарен, што кулминираше со двете победи на уизборите за градоначалник на Лондон, за кој важи за град во кој владее во левицата, во 2008 и 2012 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.