Џонсон ја зголеми предноста по четвртиот круг од гласањето, Џавид елиминиран

По четвертиот круг од гласањето за нов челник на владејачката британска Конзервативна партија, Борис Џонс ја зголеми својата предност, додека министерот за внатрешни работи Саџид Џавид е елиминиран.

Во четвртиот круг од гласањето поранешниот шеф на британската дипломатија и градоначланик на Лондон, Борис Џонсон, доби поддршка од 157 од 313 конзервативни пратеници во Долниот дом на британскиот парламент, што е најмногу досега.

Министерот за екологија Мајкл Гоув доби 61 глас, министерот за надворешни работи Џереми Хант сега падна на третото место со поддршка од 59 пратеници, а Саид Џавид доби 34 гласа, со што е елиминиран од трката.

Петтиот круг од гласањето ќе се одржи подоцна во текот на денот, а резултати од него се очекуваат околу 18 часот по средноевропско време, кога ќе останат само двајца кандидата.

Потоа ќе бидат организирани избори на коишто ќе може да гласаат сите членови на Конзервативната партија, според последнит процени околу 160.000, кои ќе избретат нов лидер на партијата и иден британски премиер до крајот на јули.