Џонсон сѐ поблиску до премиерската функција

Поборникот на излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, поранешниот градоначалник на Лондон во два мандата и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, е поблиску од освојувањето на највисоката британска политичка функција, откако освои 126 гласа во вториот круг од гласањето за наследник на Тереза Меј на челната позиција во владејачката Конзервативна партија.

Главното лице за службената кампања за брегзитот во 2016 година, Борис Џонсон, оди во третиот круг од гласањето за лидер на „Ториевците“ и британски премиер во средата со уште четворица противкандидати. Тоа се министерот за надворешни работи Џереми Хант, министерот за екологија Мајкл Гоув, министерот за меѓународен развој Рори Стјуард и со министерот за внатрешни работи Саџид Џавид.

Поранешниот министер за брегзитот, Доминк Рааб е елиминиран со 30 гласови. Хант доби 46, Гоув 41, Стјуард 37 а Џавид доби 33 гласа од конзервативните пратеници.

Во првиот круг во вторникот Џонсон доби 114 од 313-те гласови на пратениците. Кандидатите кои ја продолжуваат трката мора да учествуваат во телевизиското соочување вечерва во 21 часот. Гласањето ќе продолжи сѐ додека не останат двајца кандидати од коишто новиот претседател на Конзервативната партија ќе го избира поширокото членство. Новиот премиер би требало да биде избран до крајот на јули.

Џонсон вети дека Велика Британија ќе ја изведе од ЕУ до 31-ви октомври со или без договор со Брисел, со што би можел да предизвика конфронтација со парламентот. Неговиот неконвеционален пристап помогна да надмине ниа скандали од минатото, а ја освојува поддршката од поголемиот дел од партијата со аргументот дека единствено само тој може да го донесе брегзитот.