Џордан го подржа Леброн

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан застана во одбрана на Леброн Џејмс, кого американскиот претседател Доналд Трамп го нарече неинтелигентен на својот профил на Твитер.

Леброн Џејмс беше интервјуиран од најглупавиот човек на телевизија, Дон Лемон (водител на ЦНН). Тој направи Леброн да изгледа паметно, што воопшто не е лесно да се направи. Мене ми се допаѓа Мајк,напиша Доналд Трамп на Твитер и предизвика голема дебата на социјалните мрежи.

„Кралот“ во неколку наврати јавно го критикуваше претседателот на САД и неговата работа, последен пат тоа го стори пред неколку дена кога отвори училиште за проблематични и сиромашни деца во својот роден град Ејкрон. Џејмс истакна дека Доналд Трамп е личност која го дели народот, додека пак спротот секогаш ги обединува луѓето.

Претседателот на САД очигледно не сака повеќе да молчи па за прв пат јавно „удри“ по НБА ѕвездата и на Твитер ја исмеваше неговата интелегенција, а во исто време и порача дека тој го одбира Мајкл Џордан кога е во прашање дебатата за тоа кој е најдобар кошаркар на сите времиња.

Го подржувам Леброн. Тој прави неверојатна работа за својата заедница, кусо се огласи Џордан.