„Џорџ Гершвин како инспирација” финишираше во Ресен

Во четвтокот вечерта во Изложбениот салон на Домот на културата „Драги Тозија“во Ресен, се одржа третиот и последен концерт „Џорџ Гершвин како инспирација” на кој настапија певиците Маја Митровска и Марина Коруновска во пијано придружба на Александра Јанковска.

Трите професорки во Државното музичко училиште во Битола, презентирајќи музика од Гершвин, на достоен начин му оддадоа почит на овој голем американски композитор, во рамките на одбележувањето на 80 години од неговата смрт.

По концертите во Демир Хисар и Крушево, публиката Ресен која беше во голем број, со голем интерес го проследи концертот, чија музика потсетува на Бродвеј, но од друга страна не е толку застапена кај нас. Домот на културата „Драги Тозија“во Ресен се покажа како одличен домаќин на овој концерт во секој поглед, кој организирајќи постојано настани од ваков вид, веќе создаде навика и желба кај ресенската публика да присуствува во голем број на културните настани во Ресен.

Пред настапот на Митровска, Коруновска и Јанковска, како своевидна увертира на концертот, настапи ученичка од Школата за пијано која работи во Домот на културата во Ресен, Лила Миљовска. Таа годинава освои трета награда на седмиот Меѓународен натпревар во пијано одржан во Гевгелија.

Концертите беа дел од манифестацијата „Нов културен бран” подржана од министерството на култура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.