Бруто домашниот производ во вториот квартал од годината бележи пад од 1,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци во овој квартал најголем пораст е забележан во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство од 4,1 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3,9 отсто, Информации и комуникации од 1 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 1 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2017 година номинално расте за 6 отсо, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,7 отсто.
Во вториот квартал, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,3 отсто.