ДЗС: Трошоците на живот во септември зголемени за 0.2 проценти

Порастот се должи на повисоките индекси на свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2,6 проценти, јајцата за 2,4 проценти и компирот за 1,3 проценти. Цените на месото, рибата, морските плодови и замрзнатото овошје се зголемиле за 0,7 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, сувото овошје, јаткастите производи и алкохолните пијалаци за 0,3 проценти и сушеното, соленото и чаденото месо за 0,2 проценти.

Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата, течните горива за домаќинствата, течните горива и мазива, средствата за чистење и одржување на станот, здравствените услуги, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици, книгите……

Намалување на индексот на трошоците на животот има кај оризот и полномасното млеко за 1,1 отсто, изнутриците за 0,5 отсто, другите прехранбени производи за 0,4 отсто и свежото и разладеното овошје за 0,3 отсто. Намалување е забележано и кај авионскиот превоз на патници, туристичките пакет-аранжмани, услугите за сместување, болничките услуги, велосипедите, обувките и лековите.

Во споредба со септември минатата година, трошоците на живот се зголемени за 0,2 проценти, а цените на мало за 0,5 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.