ДЗС: Зголемена довербата во градежништвото

градежништво

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата се бројот на вработени да се намали во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на четвртото тримесечје од 2015 година. Оценката, пак, за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а оценката за финансиската состојба е понеповолна во споредба со третото тримесечје од 2016 година.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во четвртото тримесечје од 2016 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 18,9 проценти, зголемени финансиски трошоци (камати) со 14,8, конкуренција во сопствениот сектор со 12,5 и нема побарувачка со 12,5 проценти.