14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ДЗСИ јавно да ги објави лиценците за очната болница

Молкот и необјавувањето јавно на лиценците за работа на очната болница која што функционира во склоп на медикал центар Промедика е доволен показател дека државниот здравствен и санитарен инспекторат и директорката Бухова нешто кријат или се обидуваат да сокријат и да премолчат, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Арсовски:

Покрај признанието дека навистина инспекторатот издал решение за забрана за работа на очната болница, Бухова не ги приложува сите информации во јавноста и повторно ќе кажам нешто крие очигледно.

Согласно информациите кои ги изнесовме и прашавме, сакаме уште еднаш да потенцираме дали оваа очна болница има лиценци за вршење оперативни зафати кои веќе ги работи и рекламира?

Ова е прашањето на кое што инспекторатот а веќе и министерството за здравство треба да дадат одговор.

Второ, доколку работеле без лиценци за вршење оперативни зафати, како наплаќале за истите, односно на кој начин ги приложувале парите и парите влегувале во платен промет, односно на кој начин плаќале данок за истите.
Почитувани,

Кратко и јасно ова се двете прашања на кои што не треба да ги избегнуваат ниту ДЗСИ ниту пак министерството за здравство.

Со оваа власт, со вакви директори како Ирина Бухова, СДСМ направи хаос и руина од здравството. Навистина е срамота за ваков скандал да се однесуваат ноншалантно и да молчат. Сепак се работи за здравје на граѓани.

Ова не е срам, брука и проблем на граѓаните, ова е срам, брука и проблем на институциите со кои што раководи СДСМ, рече Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.