Џулијани: Трамп нема да биде обвинет додека е претседател

Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Рудолф Џулијани, рече дека добил уверување оти специјалниот советник Роберт Малер, кој ја истражува наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година,  нема да поднесе тужба против Трамп додека е претседател.

Во меморандумот  на Министерството за правда од 2000 година се наведува дека претседател на САД не може да биде обвинет, бидејќи кривичното гонење ќе влијае врз неговата способност да ги извршува своите уставни обврски, потсетува Ројтерс.

Џулијани за „Фокс Њус“ речкол дека не само што Малер не може да поднесе обвиненија против Трамп, туку не може ниту да му испрати судска покана да сведочи големата порота.

Според Џулијани, ако претседателот не може да биде кривично гонет, тогаш  не може ниту да биде повикан да сведочи во истрагата за неговото однесување.

Се што можат да направат е да напишат извештај, и без разлика колку може да биде лош, ние може да се справиме со тоа. И ние можеме да пишуваме, рече Џулијани.

 

 

Тој додаде дека обвинителите би можеле да го претстават својот извештај на заменик-секретарот за правда, Род Росенштајн кој ја надгледува истрагата, и дека тој може потоа да го достави до Представничкиот дом. Ако сметаат дека тоа е потребно, конгресмените може да иницираат процес за импичмент на претседателот Трамп.

Неколку  соработници на Трамп, меѓу кои и поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин и поранешен советник за надворешна политика, Џорџ Пападополус, веќе се изјасниле виновни дека ги лажел инспекторите за нивните контакти со Русите.

Во меѓувреме,  адвокатскиот тим на Трамп и тимот на Малер се во преговори за можна средба со претседателот во врска со евентуално негово попречување на правдата кога пред една година го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Коми, која во тоа време беше на чело на истрагата за Русија.

Претседателот сака да сведочи – изјави Џулијани, но, исто така порача дека истрагата треба да заврши.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.