Џузепе Роси тешко повреден, неизвесен и за Мундијалот во Бразил

Клупскиот доктор на италијанскиот калчолигаш Фиорентина потврди дека последната повреда која брзоногиот напаѓач, Џузепе Роси ја заработи за време на саботниот натпревар од 18. коло од италијанската Серија А е од посериозна природа и дека истата бара мирување во следните два до три месеца.

„Станува збор за повреда на предните вкрстени лигаменти. За среќа истите не се скинати и ќе нема потреба од некаква хируршка интервенција. Повредено е коленото кое претходно беше оперирано. Имаме истегнување од втор степен, а таквиот вид на повреда бара мирување во следните два, три месеца. Сите се надеваме дека Роси ќе биде подготвен за игра и дека ќе биде во комбинација за престојниот Мундијал во Бразил”, изјави клупскиот доктор на “виолетовите”.

Роси се повреди на првенствениот дуел против Ливорно откако без причнина Леандро Ринаудо стартуваше со две нозе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.