Ќе ја преживееме ли 2021? Само ако го преживееме јануари!

Македоња јоктур вакцини, 27 април мејд ин САД, Трамп сардисан, Вевчанските терористи ухичени и растурени, а уште не сме се ни фрлиле по крсто, да не речам не е ни половина од месецов.

ГДЕ СУ ПАРЕ? – стара абориџинска

Се разгоропоадивме по софрине небаре сме испиле апче за долговечност, па холестерол 15, триглицериди 20 и гликоза 30, не ни можат ништо (исто како… нико ништа, ми смо јачи и од…) кој од сублимиран напад на паника со високи промили на препеченици, кој од надменоста со прежувавње на короната, па сега се осеЧаме ко супермени на стероиди. Ама полека гурилките паѓаат и окала се оѕеруваат и шо да видат, матната слика од апликацијата на онлајн транскациската сметка се разбиструва како реверсирана истрага за атентатот на Киро и одеднаш ја согледуваш поемата на По – Амбис – колку подолго гледаш тој гледа во тебе се додека не станеш лепенка на потерот на Хичкокопвиот Вертиго. Салдо нула… е УСПЕХ! Какво ви е нивото на стресот… по рихтер?

Она минусот сексуално не општи, а веќе е 15 јануари, ама види, кој живее од пари тука, само лаж превара и тастеришње се успешни кај мужи и курвање кај жени. Што? Грешам?

Кажете ми може ли да се успее на поштен начин кај нас? Има ли таков? Има, али ги мразите, онака, по дифолт оти сите сме како нив, кој на ситно кој на крупно, па поштен у земја на арамии е најнесакан персоналитет.

Има ли една роспија која не станала општествено призната, почтитувана и социјално и финански средна? Затоа за чесни жени нема ни леб ни спокој, нит имало, нит ќе има, ова е перверзно општество. Боки се уште е херој во очите на многумина. Едвај чекаат да се врати, оти парите и онака никаде ги нема, па постои надеж дека ајванот ги има, па да не се замеруваме со почитуван господин – ние респектираме секој оној кој слоповал пари, длабоко го почитуваме. Најмногу почитуваат оние чии плати им доцнат, хонорари, долгови кои чекаат да им се вратат. Во ова општество ќе настрада секој освен преварант и развратник – јебига. Штосот е да не плачеш – ништо друго, стисни зуби и глава горе, бидејќи кога тонеш у говна приоритет е да си барем малку над ситуацијата… и да истегни вратот нагоре и прстињата надолу.

Ендгејм

А, ти Дончо друже стари, не ти текна да кликнеш на Велес, па да се распрашаш што тоа џагурињата твои таму правеле, па у која земја битисувале, па што ни се десило на 27 април. Дончо бе, филмот овде ти го снимија ко оригинален Нетфликс наслов и ти направија римејк за по дома. На таа пара да фрлеше за некоја парлер платформа? Јес да ги размачка минативе години со Твитер, ама стварно мислеше дека ќе те остават на раат? Дончо бе, све ти беше пред очи, македоња треењинг камп ја направија само за тоа како да те срушат. Сега те чека долго и мачно судење, дал ќе си купиш слобода со дил или уште се занесуваш дека народ е со тебе? Народ е со тебе се додека си на врвот – кога ќе те рокнат – бежанија општа. И кога ќе одиш на бања у Пешта, да ми го поздравиш Коки и да и го цунеш и да му кажеш – пеер шо не кажа бе каква била работата? Туку ак требит некој невестана да ја чуват и дворит, добровољац јављам се на дјути, часна пионирска реч, има да ја чувам као зеницу ока свога. Да и ги цунеш и сите оние твои анаЛитичари деснакошаковички кои се кунеа у тебе, викаа и убеџиваа дека пак ќе тепаш, дека си јачи и дека народ е со тебе. И овде беше народ, катрљони, ама заигра пенедрек уцвикаа бетер од италијанска војска. Да беше војна на Фејбук, ќе завладеевме со светот, ама тоа сме, пусиња во ДНК, љангар народ полн со фрази – празен со дела. Слични со американскиот – нели? Гледај и учи, жално ли ние ја изгледавме серијата. Кој ти е крив што не извлече закљуоци. Бар да дојдеше бре у една посета, да се помочаше у наш ќенеф барем еднаш, нејсе.

И така

Дојдовме до средина на јануари и сега како февруарски мачори почнува општонародно мјаучарење по – ШЕФЕ, ПУШТИ ПЛАТА, ГАЗДА, ДАЈ НЕКОЈ ДЕНАР, но има надеж, како и секоја година, работите финансиски се стабилизираат, додуша, некаде во април, мај, но дотогаш работиме на вашиот фискалниот имунитет – за ваше добро. Бидејќи овој народ веќе толку му е спуштен ниско прагот да долг кој не ти платен на време, со понизна благодарнсот ем радост па дури и со наше извињење го примаме.

Ќе живее овој народ, народ кој јаде леб и алва, леб и лубеница, леб и компири и кој се фали дека симит е врвен деликатес, каде бурекот е специјалитет, каде на софра у кафана на една плескавица се конзумира пола кило леб, ќе живее вечно.

И на крај совет за короната

„Дебелите луѓе немаат намален имунитет, само бутајте леб, помфрит, мајонез, плескавици, бурек, чоколада, кремчиња, сокчиња, сланинки, саламчиња, ракиички, пивца, винца, сиренца, кашкавалчиња и баталете физичка активност – само одмарајте – гајле да си немате“ – Чарлс Дарвин.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес