Ќе биде  ли ДУИ непосакуван партнер во идната Влада?

 

На нешто помалку од четири месеци пред предвремените парламентарни избори договорени за 12-ти април партиите веќе ги оцртуваат контурите на своите позиции во преговорите за коалиции по гласањето.

Кој со кого ќе коалицира и ќе има ли партија чија одлука ќе биде клучна за тоа која ќе го добие мандатот да формира Владата политичките аналитичари вели во најголема мера ќе зависи од изборниот резултати, но внимателно треба да се следат и пораките кои што ќе се испраќаат од митинзите.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се уште проектирајќи ја својата улога по изборите во 2016 кога во негови раце беше одлуката кој ќе биде премиер, од Конгресот во саботата ги исцрта црвените линии во преговорите со потенцијалните коалициски партнери.

Ахмети порача дека нема да коалицира со партија која што не го прифаќа Договорот од Преспа или пак Законот за јазици. Но, политичките аналитичари велат овие изјави на Ахмети треба да бидат земени со резерва и сметаат дека Ахмети по изборите нема да ја има удобноста да наметнува големи услови за да биде партнер во идната Влада.

Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања Скопје вели по 17 години континуирано како дел од секоја Влада најверојатно ќе биде непосакуван партнер и за ВМРО ДПМНЕ и за СДССМ.

„И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ доколку победат ќе се обидат да го заобиколат ДУИ во составувањето на следната Владата бидејќи партијата 17 години постојано е во секоја Влада и која што веќе преставува товар за носителот на власта“, вели Божиновски.

Со најавите дека на претстојните избори најмалку три партии од албанскиот блок, БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива, ќе формираат коалиција ДУИ е под дополнителен притисок. Лидерите на трите партии велат дека ќе ги здружат силите со цел ДУИ и Ахмети конечно да се најдат во опозиција.