Ќе ги убиеме сите, ќе ја срушиме северномакедонската влада – дел од заканата до кумановските училишта

Ајде Нова година, ги скратуваме часовите, ве честам, вака директорката на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово Јасмина Спасовска ги испразнила училниците по дојавата за бомба во училиштето.

– Учениците беа изведени без паника од училниците. За осум минути беа изведени учениците и вработените од објектот – вели Спасовска, пишуваат кумановскимуабети.мк.

Мејлот кој пристигнал до повеќе училишта во 09:10 часот имал вознемирувачка закана.

„Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Македонија и во неговата партија. Ќе ги убиеме сите“, пишувало во електронската порака.