Ќе ги земе ли предвид Апелација тврдењата на Јовановски дека биле испорачувани пресуди по желба на Заев

Каква ќе биде одлуката на Апелациониот суд за досегашниот претседател на кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев, кој сега доби втор мандат како вршител на должност, по барањето на Бојан Јовановски за изземање поради посочување дека ја злоупотребил претседателската функција испорачувајќи пресуди по желба на Зоран Заев.

Јовановски пред судот истакна дека знае како е избран Џолев за претседател на судот во 2017 година, посочувајќи дека во тој период бил во константна секојдневна комуникација со судија-член на РСС, кој член влијаел и гласал за изборот на Џолев, кој бил директно и персонално решение на Заев. При изборот, а и подоцна советник на Заев и вработен во судот директно бил вмешан и посредувал во малверзациите на адреса Заев, Џолев и обвинтелски структури. Кои се тие лица за кои зборуваше Јовановски пред судот? Дали тие лица ги има во фајловите од мобилниот на Јовановски?

Вешти лица од ИТ работат на екстрахирање на податоците од телефонот на Јовановски. Пред судот беше констатирано дека во телефонот на Јовановски има 286.000 фајлови.

-Во овие фајлови се наоѓаат податоци и докази кои ќе ја променат сликата и ќе ја докажат вистината за вистинските сторители на кривични дела. Дали конечно правосудните органи ќе се одважат и ќе покренат постапки произлезени од пријавите и доказите на Јовановски?, велат доброупатени извори.

Пред судот Јовановски кажа дека во неговиот телефон има податоци и докази за назначување на директори на јавни установи. Едниот директор поставен од страна на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, а другиот директор од страна на владата и министерството за правда.

-Кои се овие директори и зошто Вилма Русковска не покренала постапка кога пред нејзини очи биле овие докази и податоци? Ќе понесе ли некој одговорност за оваа правна и политичка папазјанија? Колку пари директори ги платиле своите дипломи, одговорите ги има во фајловите од телефонот на Јовановски. Директната вмешаност на Заев во коруптивен скандал за кои има докази се крие во мобилниот на Јовановски заради што тој поднесе кривични пријави, додава изворот.

Во петок во 10 часот ќе има рочиште на кое ќе се дознае многу повеќе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.