Ќе има ли нови три дена вонредна состојба?

111
Владата вечерва со почеток во 19:30 часот, ќе одржи седница преку видео-конференциска врска.
За заклучоците, како што наведуваат, од седницата ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.
Откако синоќа на средба кај претедателот Пендаровски лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не се договорија изборите да се одржат на 5. јули, „падна“ нова понуда од Заев до Мицкоски  – избори на 8.  јули – среда.
Заев денеска изјави дека ќе побара од техничкиот премиер, Спасовски, и од Владата на специјална седница вечерва Владата да изгласа предлог за продолжување на вонредната состојба од нови три дена.

Техничкиот премиер денеска рече дека нема потреба од прогласување нова вонредна состојба, а, за да има функционални институции, изборите мора да се организираат.

По синоќешната лидерска средба, од ВМРО ДПМНЕ денеска со обвинувања на сметка на претседателот Стево  Пендаровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.