9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ќе има продолжениот престој за учениците во училиштето „Тихомир Милошевски“

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров денеска заедно со општинските служби беше во посета на ООУ Тихомир Милошевски.

Стојкоски преку социјалните мрежи информира дека во училиштето во тек се градежни активности за доградба.

-Направиме увид во динамиката на изведба. Изнајдовме конкретно времено решение за проблемот со греење, со што повторно ќе се стави во функција продолжениот престој за учениците во училиштето најдоцна во понеделник, информира Стојкоски.