Ќе има светски музички ѕвезди на крунисувањето на кралот Чарлс Трети

Откако омилените музичари го одбиле, откриени имињата на пејачите кои ќе настапат на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети.
Откако омилените музичари на кралот Чарлс одбија да настапат на концертот за крунисување, кој ќе се одржи на 7 мај, сега се знае кој ќе ги замени.

Кети Пери, Лајонел Ричи и групата „Take That“ ќе го предводат концертот за крунисување, како дел од прославата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, што ќе се одржи ден претходно, јавува Би-Би-Си.

Сепак, првичната желба на кралот била Ед Ширан и Адел да настапат, но тие одбиле.

Во замокот Виндзор ќе се одржи концерт, а на него ќе настапи и меѓународната оперска ѕвезда Андреа Бочели во дует со добитникот на Греми Брин Терфел, како и пејачката и текстописец Фреја Ридингс со класичниот композитор и пијанист Алексис Френч.

Ќе настапи и хорот Coronation, составен од хорови од заедницата и пејачи аматери од цела Велика Британија. Сите ќе имаат можност да пеат пред 20.000 луѓе, а се очекува крунисувањето пред малите екрани да го следат неколку милиони луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.