Ќе ме видите уште најмалку пет пати, изјави министерот Сали по најавите дека ќе биде сменет

По една година министерување во Здравство, Беким Сали e на чекор да ја предаде функцијата на кадар од Алијансата за Албанците. Тој денеска имаше презентација на опрема во тетовската болница. На новинарите им рече дека не го гледаат последен пат, а откога тие му посочија дека матичната партија се откажува од него и го предава Министерството на друга партија изјави:
„Ова не ми е последен јавен настап, затоа што оваа недела ќе ги промовираме сите центри што добија соработката со Светската банка, така што најмалку уште петпати ќе се гледаме, а за понатаму ќе видиме. И десет години да сте министер, никогаш нема да стигнете до крајот да ги решите проблемите во здравството, многу е важно она што ќе го кажете во јавноста и да го исполните“, рече министерот Сали.

Сали дојде како министер за здравство кога неговата партија Алтернатива влезе во Владата во јануари минатата година. Во тек се преговорите на владејачкиот СДСМ со Алијансата за Албанците, од каде што неофицијално се бара овој ресор за партијата да даде поддршка на владините политики.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.