Џејмс Дин пак ќе глуми во филм, што се снима по 64 години од неговата смрт

По повеќе од 60 години од смртта на легендарниот холивудски актер Џејмс Дин, тој ќе се појави во филм со помош на специјални ефекти, што ќе го оживеат актерот.

Речиси неверојатната вест ја соопшти синоќа продукциската куќа Magic City Films. Во долгометражниот филм, Finding Jack, оваа нова верзија на Џејмс Дин, кој загина во 1955 година, ќе ја има улогата на Роган, пренесува The Hollywood Reporter.

Меџик Сити Филм соработува на овој проект со две компании за специјални ефекти, канадскиот Imagine Engine и Јужноафриканскиот MOI World Wide.

Според „Холивуд репортер“, филмот ќе користи технологија „цело тело“ која создава слика на личност базирана на архивски фотографии и видеа.

Magic City Films се зафати со овој проект затоа што ги контролира сите права за употреба на ликот на Џејмс Дин од семејството на актерот.

„Семејството  гледа на тоа како на негов четврти филм, што тој никогаш не го снимал“, рече Антон Ернст, еден од основачите на „ Magic City Films “.Нема да ги разочараме неговите фанови“, вети тој.

Џејмс Дин почина на 30.09.1955 година во сообраќајна несреќа на 24-годишна возраст во сообраќајна несреќа со неговото Порше .

Тој глумеше во три филма, Бунтовници без причина, Источно од рајот и Див (1956) и беше номиниран за Оскар за последните два.