Џејмс Франко призна дека спиел со неговите студентки, бил зависен од секс

Актерот Џејмс Франко (43) призна дека спиел со студентките од актерското училиште коешто претходно го водел, речиси четири години откако против него беа изнесени обвиненија за сексуално недолично однесување.

Ѕвездата на „Ананас експрес“ и „Спајдермен“ изјави дека „многу работел“ на себе откако се појавиле обвинувањата и дека се опоравува од зависноста од секс од 2016 година.

Говорејќи во подкастот „The Jess Cagle“, Франко рече дека додека предавал „спиел со студентките, а дека тоа било погрешно“.

Кандидатот за Оскар изјави дека не го основал училиштето за да ги намамува жените за сексуални цели.

„Претпоставувам дека тогаш мислев дека доколку е спогодбено, тогаш е во ред. Тогаш не бев со бистра глава“, рекол Франко.

Актерот досега јавно не ги коментираше наводите против него во јануари 2018 година, кога „Лос Анџелес тајмс“ објави дека пет жени го обвиниле за однесување кое го сметале за несоодветно.

Франко рекол дека тврдењата „не се точни“, но додал дека не сака да ги „згасне“ луѓето чиј глас не се слушнал.

„Во 2018 година имаше неколку поплаки и една статија за мене и во тој момент само помислив: „Ќе молчам, ќе паузирам“. Не беше вистинскиот момент да кажам што било. Имаше луѓе кои беа вознемирени поради мене и морав да сослушам“, објаснил актерот.

Франко исто така рекол дека се борел со зависноста од секс откако се ослободил од зависноста од алкохол што ја развил во младоста.

– Порано се опоравував од злоупотреба на супстанции. Постоеја некои проблеми коишто требаше да ги решам, а кои се однесуваа и на зависноста. И затоа го искористив периодот на опоравување за некако да почнам да го испитувам ова и да се променам себеси – рекол Франко.

Следната година, во октомври 2019 година, две жени поднесоа граѓанска тужба против Франко, обвинувајќи го дека ги искористувал амбициозните актери во неговото сега затворено училиште и дека измамил млади жени да снимаат експлицитни сцени со секс.

Тој оваа година се согласи да плати 2,2 милиони долари за да ја реши граѓанската тужба во 2019 година, според документите поднесени до Вишиот суд во Лос Анџелес.