Џејмс ги одведе Лејкерс во финалето на НБА

Леброн Џејмс ноќта кон неделата во петтиот натпревар од финалната серија во Западната конференција во Орландо ги одведе Лос Анџелес Лејкерс до 32-ти големо финале, впишувајќи „трипл-дабл“ во победата над Денвер Нагетс од 117:107.

Со резултатот 4-1 во серијата до четири победи, Лејкерс стасаа до своето први финале во НБА лигата по 2010 година.

Џејмс беше најдобриот поединец на мечот со 38 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Ова му е 27-от „трипл-дабл“ во доигрувањето во кариерата и му недостасуваат уште три за да го надмине рекордот на уште една легенда на Лејкерс, Меџик Џонсон. Исто така, за Леброн Џејмс овја ќе биде десеттото финале во кариерата, а титулата веќе ја освојуваше со Мајами Хитс во 2012 и 2013 година, и со Кливленд Кавалирс во 2016-та.

Ентони Дејвис додаде 27 поени за Лекерс, за кои ова е 32-то големо финале во историјата и прво во последната деценија. Пред десет години трагични загинатиот Коби Брајант ги одведе Лејкерс до 16-та титула шампион на НБА.

Кај Денвер српскиот центар Никола Јокиќ постигна 20 коша, на кои придодаде седум коша. Џереми Грант, исто така, даде 20 коша, додека Џамал Мареј, кој го повреди коленото во првото полувреме, мечот го заврши со 19 поени и осум асистенции.

На полувремето Лејкерс имаа предост од десет поени (61:51), а во третата четвртина го зголемија на 16 коша. Кога Двајт Хауард беше исклучен поради намерен прекршок на четир и пол минути пред крајот на четвртината, Нагет благодарејќи на „тројката“ на Мајкл Портер јуниор дојдоа на заостанување од 73:80 само седум секунди подоцна. Благодарејќи на серијата од 9:2, Нагетс се доближија на само 80:82 на минута пред крајот на третата делница. По двете слободни фрлања на Мареј екипите беа израмнети на 84:84, но тогаш Дејвис постигна „тројка“ и Лејкерс се одлепија на 87:84. Во последната четвртина Јокиќ со „тројка“ го намали водството на Лејкерс на 103:99 на четири и пол минути до крајот, но тогаш Џејмс постигна девет коша по ред и ја обезбеди победата на својот тим.

Лос Анџелес Лејкерс во големото финале имаа можноста да го израмнат рекордот на Бостон Селтикс кои 17 пати беа шампиони на НБА лигата. Во финалето Лејкерс ќе играат против подобриот од финалната серија во Источната конференција, каде Мајами Хитс водат против Бостон Селктикс со 3-2 во серијата, а шестиот натпревар се игра во недела. Во последното свое финале во 2010 година Лејкерс ги победија токму Селтикс.

Пред да го елиминираат Денвер Нагетс, Лејкерс на патот до финалето ги исфрлија и Портланд Трејл Блејзерс со 4-1 и Хјустон Рокитс исто така со 4-1 во победи.