Џејмс го мина Фишер според бројот на победите во НБА

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс го мина легендарниот Дерек Фишер на осмото место на вечната листа според бројот на победи во НБА лигата, предводејќи го синоќа актуелниот првак до тесен гостински триумф над Бостон со 96:95.

За Џејмс, кој имаше ефект од 21 поени и по седум скокови и асистенции, ова беше 854 победа во кариерата, минувајќи го на вечната листа легендарниот кошаркар на Лејкерс, Дерек Фишер.

Неприкосновен лидер според бројот на победи во кариерата останува Карим Абдул Џабар со 1.074 триумфи.

НБА резултати од ноќта меѓу саботата и недела:

Мајами – Сакраменто 105:104
Далас – Феникс 105:111
Чикаго – Портланд 122:123
Шарлот – Милвоки 126:114
Њу Орлеанс – Хјустон 112:126
Бостон – Лос Анџелес Лејкерс 95:96
Сан Антонио – Мемфис 112:119
Голден Стејт – Детроит 118:91