Џејмс во својата петорка го повика Дончич, Антетокумпо пак Ембид за Ол стар викендот

Капитените на Истокот и Западот, Јанис Антетокумпо и Леброн Џејмс ги составија своите екипи за претстојниот Ол стар натпревар кој се игра на 16-ти февруари во Чикаго.

Леброн Џејмс во својата петорка за Ол стар натпреварот, покрај Лука Дончич од Далас Маверикс ги повика и својот соиграч од ЛА Лејкер Ентони Дејвис, Каваи Леонард од ЛА Клиперс и Џејмс Харден од Хјустон Рокитс. Освен овие петмина, во екипата резерви ќе бидат и Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, Демиен Лилард од Портланд Трејл Блејзерс, Крис Пол од Оклахома Сити Тандерс, Домантис Сабонис од Индијана Пејсерс, Бен Симонс од Филаделфија 76ерс, Џејсon Тејтум од Бостон Селтикс и Расел Вестрбрук од Хјустон Рокитс.

Во првата петорка на Истокот капитенот Антетокумпо ги повика Џоел Ембид од Филаделфија 76ерс, Паскал Сиакам од Торонто Рапторс, Кемbа Вокер од Бостон Селтикс и Треј Јанг од Атланта Хоукс. Резерви, пак, ќе бидат Бам Адебајо и Џим Батлер и двајцата од Мајами Хитс, Руди Гоберт и Донован Мичел и двајцата од Јута Џез, Брендон Инграм од Њу Орлеанс Пеликанс, Кајл Лоури од Торонто Рапторс и Крис Мидлтон од Милвоки Бакс.

Ол стар викендот започнува во петок на 14-ти февруари со натпреварот на ѕвездите во подем, ден подоцна на распоред се натпреварувањата во вештини како шутирање за „тројки“ и „забивање, а на 16-ти февруари се игра Ол стар натпреварот на екипите предводени од Џејмс и Анетокумпо.