Џејн Фонда уапсена додека примаше награда

172

Порано овој месец Џејн Фонда веќе еднаш беше уапсена за време на протестот против климатските промени пред Конгресот во Вашингтон.

Џејн Фонда прими престижна награда на Британската филмска академија додека полицијата во лисици ја носеше од протестот против климатски промени во Вашингтон.

 Како добитничка на наградата за животно дело „Стенли Кјубрик“, 81-годишната американска актерка и активистка требаше да присуствува на церемонијата на доделувањето на наградите БАФТА Британија во Лос Анџелес, но беше во притвор.
Снимките од приведувањето на Фонда ѝ беа пуштени на публиката и додека полицијата ја водеше, таа можеше да се слушне како извикува: „БАФТА, ти благодарам, многу сум почестена“.

Фонда беше еден од 17-те демонстранти кои во петокот беа приведени поради незаконско протестирање, но полицајците ги опиша како „многу фини и професионални“. Таа вели дека се инспирирала од младата шведска активистка Грета Тунберг, па привремено се преселила во Вашингтон за да може да биде повклучена во протестите против климатски промени.

Но, обожавателите на Фонда сметаат дека таа залудно се бори и дека ништо нема да се промени. Актерката пак, изјавила дека планира да ја апсат секој петок, за да ја натера владата да биде делотворна во борбата против климатските промени.

Фонда веќе е приклучена во неколку глобални здруженија кои се борат против климатските промени. Таа сепак смета дека нема ништо залудно во нејзините обиди да донесе значајни промени во светот и општеството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.