Ќе одат ли во изолација Ставрев и останатите од судењето за „Монструм“?

Ќе има ли изолација за судијата Огнен Ставрев, како и останатите кои учествуваа на петочното рочиште за предметот „Монструм“, откако тестот на ковид-19 за обвинителот Гаврил Бубевски се покажа позитивен?

Последното рочиште за случајот се одржа во петокот, кога сведочеше веќе пензиониран инспектор од МВР, но засега во изолација е испратена само колешката од обвинителството, Фатиме Фетаи, која заедно со Бубевски го води случајот за масакрот кај Смилковско Езеро.

Обвинителката за „Сител“ вели дека во следниот период ќе биде во излоација затоа што во текот на минатата недела имала две судења со Бубевски.

Од скопското ЈО, пак, каде работат двајацата обвинители засега нема информација дали некои од тамошните вработени ќе одат во изолација поради близок контакт со Фетаи и Бубевски. Меѓу нив е и судијата Огнен Ставрев, кој е задолжен за „Монструм“.