Ќе предизвикаме предвремени избори ако не се исполни барањето за една изборна единица, порача Трајанов

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, се закани дека помалите партии во владината коалиција ќе предизвикат предвремени избори ако до пролет власта не го смени Изборниот законик, со кои земјата ќе биде една изборна единица. Ваквата измена е неопходна бидејќи парламентот треба да биде реален одраз на волјата на граѓаните.

„Ако не ги реализираат овие заложби, а се за само декларативно, сум за тоа да предизвикаме предвремени избори. Ниту е закана, ниту пак имам намера да направиме ново мнозиснтво, тоа не доаѓа предвид. Можно е група пратеници, можат да речат ние сме за самораспуштање на Собранието и да одиме на нови избори, со стариот систем„ изјави Трајанов во интервју за Тв Шења и порталот zoom.mk.

Трајанов тврди дека помалите партии коалициони партнери на СДСМ имале координација со премиерот Димитар Ковачевски, кој дословно им соопштил дека е подготвен да поддржи изборни реформи со кои земјата ќе биде една изборна единица.

Рееч дека не знае како ќе се однесуваат другите помали партии бидејќи можно е власта да ги премисли преку нудење на одредени повластици.

„И досега имало колебање. Се надевам дека овие се сериозни партии и ќе опстоиме во интерс на земјаата, граѓаните и демократијата. Демократски сојуз стои цврсто на ставот, зборот што сме го дале ќе опстоиме, другите партии не можеме да кажеме, дали ќе сменат став или ќе бараат прологирање на времето, ќе покаже“, додаде Трајанов.

Според него, големите партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ многу пати досега не сакале да прифатат земјата да биде една изборна единица правдајќи дека нема широк политички консензус меѓу партиите.

„Три месеца е оптимално време да се отвори расправа и да се донесе законот. Ќе предложиме да има јавна расправа, во која ќе учествуваат сите партии, ОБСЕ, ЕУ, невладини сектор, експерти, сите заедно да расрпаваме и врз основа на расправата ќе изготвиме амандмани. Секако ќе расправаме и за изборен праг“, вели челникот на Демократскиот сојуз.

Владата може да падне не само поради отсуство на изборни реформи, туку и поради начинот на работа на новиот владин кабинет.

„Ќе ја анализираме работатат на секој, и на мандатарот и на министрите поединиечно. Има министри што добија продолжување на мандатот и тие мора да испорачат резултати. Има нови министри, и тие треба да испорачат резултати. Програмата посилно треба да се реализира. Ќе бараме да се расправа за разрешување на министри ако има индиции за корупција“, истакна Трајанов.