Ќе се легализираат возилата со странски регистарски таблички

Возилата со странски регистарски таблички кои се возат низ земјава ќе се легализираат, односно ќе добијат таблички од Македонија, објави АлсатМ.

Од Владата сметаат дека е рано да објавуваат повеќе информации бидејќи во следниот период ќе се подготвувало законско решение.

-Во моментот се работи на драфт-верзија на законското решение со кое ќе се реализира оваа најавена мерка, која се очекува по усогласување со сите надлежни институции до крајот на годината да биде доставена на усвојување до Собранието, велат од Министерството за економија.

Целиот текст овде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.